Android Wear само што е излезен, а веќе се појавуваат првите, Custom ROM-ови за платформата за паметни часовници. Gohma е името на ROM-от за LG G Watch часовникот кој е изработен од Џејк Деј.
Gohma не го менува интерфејсот на G-Watch, туку прави неколку практични надградби: го подобрува икористувањето на батеријата, го намалува доцнењето помеѓу транзиција помеѓу екраните, гиподобрува перформансите на часовникот и ги засилува вибрациите истовремено подобрувајќи ја оптимизацијата на батеријата.
Без сомневање модифицирањето на Android Wear само што започнува, па наскоро ќе бидеме сведоци на нови скинови и дополнително подобрување на перформансите на оперативниот систем. Креаторите на Custom ROM им помагаат и на Google во развојот на Android кои често прифаќаат делови од нив во официјалните верзии на оперативниот систем. Gohma е едноставна за инсталација посебно доколку веќе имате искуство со инсталирање на некои од останатите Custom ROM-ови за Android уредите, вели ReadWrite.