Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ Тифа, наводно, се скарале и потоа се степале на концертот во Будва, кој го одржале минатата ноќ по повод дочекот на 2018 година.
Наводно, најпрвин почнала кавга, а потоа следувал и ќотек меѓу двајцата пејачи.Сведоците велат конфликтот се случил по завршувањето на концертот, кога пејачите се спуштале од сцената, а подебелиот крај го извлекол Тифа.Ова дополнително ги поттикна гласините дека во групата “Бело копче” не е речиси идеално како што изгледа.