Грчката полиција приведе четири лица за кои се сомнева дека нападнале двајца учесници на геј парадата во Солун.Осомничените ги навредувале учесниците на парадата, а потоа ги фрлиле во морето.
Учесниците на парадата не се повредени.
Полицијата соопшти дека вчера во Солун на Парадата на гордоста имало околу 5 илјади лица.
Ова е седма Парада на гордоста на северот на Грција.