Некатегоризирано

ФФМ го суспендира теренот на Ф.К „ПОБЕДА“ во Прилеп!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го суспендира стадионот „Гоце Делчев“ во Прилеп поради инцидентите за време на мечот меѓу екипите на ФК Победа и Македонија ЃП кој се одигра во рамки на Втората македонска фудбалска лига и кој беше прекинат во 70. минута поради влегувањето на навивачите во теренот.

Незадоволни од настаните, за време на средбата домашни навивачи влетаа на терен и ги нападнаа судиите, а тоа ФФМ реши да го санкционира со суспензија на теренот и воедно службени 3-0 за Македонија ЃП.

Покрај службениот пораз, во записникот стои дека Победа ќе се гони и за недолично однесување на навивачи, фрлање на тврди предмети за време на меч, лоша организација, навредливо скандирање кон ФФМ и оштетување на службеното возило на судиите. Исто така, на дисциплинска е предаден и Миле Спиркоски, комет-администратор на Победа, кој вербално ги нападнал судиите во нивната просторија.

Натпреварот беше прекинат при водство од 1-0 на Македонија ЃП. Според дисциплинскиот правилник на ФФМ, освен парична казна, прилепчани ќе добијат суспензија на теренот од два до 12 меча без публика. 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ