Новиот телефонски модел на Apple, iPhone 6 иако не е службено достапен на Балканот, веќе се нуди во неколку скопски мобиларници, и тоа по 1.000 – 1.200 евра евра за помалиот модел со екран од 4,7 и меморија од 16 GB.
Најавено е дека ќе може да се испорача наредната недела, а се бара капар од најмалку 100 евра. За поголемиот модел, нема интерес.Телефонот се порачува во една позната мобиларница во скопски Чаир, во Јаја паша, како и во две други продавници за мобилни во Карпош и Аеродром.
Ако се знае дека службената цена за тој модел во САД е околу 650 долари, а во Европа е истиот износ но во евра, тогаш цената во Македонија му е двојно поголема од нормалната. Но, суетата и чаламот очигледно се поважни од тоа што само разликата од нормална до оваа цена е околу 500 евра, или разликата во цените е повеќе од пристојна македонска плата.