Ракомет

РК ЗОМИМАК оствари победа во дербито со РК Прилеп и со тоа стана есенски првак

Спортската сала “Сонце” во Прилеп беше претесна за фановите на ракометот кои што го следеа ракометното дерби помеѓу екипите на Зомимак и Прилеп.

Кај ракометниот клуб покрај љубителите на ракометот, беа и навивачката група “МАЈМУНИ” кои што преку целиот меч имаа фер и коректно навивање како и своја кореографија на крајот од мечот. Мечот го судеа Димитар Митревски и Благојче Тодоровски (Битола).

Мечот не започна баш најдобро за РК Прилеп кој што до првиот погодок дојде дури во 10-тата минута, на полувреме тимот на РК Прилеп имаше негатива од 7 голови. Со самото започнување на второто полувреме се виде смислата на вистинско дерби. РК Прилеп напаѓаше, и напаѓаше и за на крај остана само негатива од 3 голови. Најуспешни кај РК Прилеп беа Божиновски (19 одбрани), Мојсоски (6/6 сите реализирани од 7-мерец), Бозароски и Талески. Додека кај гостите најефективни беа: Трајкоски(13 одбрани),Милосављевиќ 6,Чантурија 5.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ