Во салата и на секое официјално место каде што треба да го пишува името на нашата земја, пишува ФИР Македонија. Во прес-центарот ѕидовите се украсени со постери од најдобрите ракометари на секоја земја, па до Кире Лазаров пишува ФИР Македонија.
Проблемот е во тоа што нашата земја е примена во ЕХФ со референцата ФИР, како впрочем и во останатите големи организации и федерации. Оттука, домаќините на некое првенство, технички, не прават никаква грешка кога нашата земја ја именуваат како ФИР Македонија.