Македонските ракометни репрезентативци предмалку слетаа во полскиот град Краков, каде што задутре ќе го почнат настапот на Европското првенство (ЕП), а првите импресии се повеќе од задоволувачки особено за атмосферата и кревање на патриотскиот дух кај играчите.
Причина за тоа е автобусот кој ќе биде вториот дом на избраниците на Ивица Обрван, а на кој со големи букви пишува – Македонија. Организаторот на континенталниот собир реши да го употреби уставното име на нашата држава, а не грдиот акроним под кој сме примени во Обединетите нации поради ирационалниот притисок од нашиот јужен сосед Грција.