Еден навивач на навивачката група „Комити“ ја изгуби раката од подлактицата надолу, друг се здоби со отворена рана на ногата а трет со сериозни повреди на градниот кош, додека неколкумина се полесно повредени од инцидентот што се случи на трибината каде што беа сместени „Комитите“.
На само две три минути пред крајот на натпреварот, кога победата на Вардар не доаѓаше во прашање, без никаква причина еден од навивачите на Комитите му ја одзеде шок бомбата на еден од полицајците и ја активираше. Во тој момент тој ја загуби половината од раката, а навивачите кои беа во негова близина, се здобија со посериозни и полесни повреди. Повредени се и неколку полицајци.