All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

УЕФА ќе го менува правилото за „гол во гости“?!

УЕФА сериозно размислува за менување на правилото за „гол во гости“, кое во европските купови им дава предност на оние екипи кои ќе ја затресат противничката мрежа на гостински терен.


Ова правило е воведено во далечната 1965/66, но врните европски тренери на неодамнешниот семинар што го имаа во Нион, дадоа предлог за менување на ова правило. „Имаше различни размислувања, но факт е дека се промени времето во модерниот фудбал и сега нема веќе голема разлика меѓу настапите на домашен или на гостински терен. Оттаму, правилото за „гол во гости“ можеби ќе треба да се промени“, открива сер Алекс Фергусон, кој беше почесен гостин на овој семинар, иако веќе не е на клупата на Манчестер јунајтед.

Покрај ова, претседателот на УЕФА, Мишел Платини, побарал мислења од најдобрите европски тренери и за можноста да се анулира симулирањето на фудбалерите за време на натпреварите. Постои размислување за петминутна казна надвор од теренот, нешто налик на ракометот, за оние фудбалери кои ќе симулираат повреди или ќе „глумат“ пенали во текот на натпреварот.

ВРВОТ