Фудбал

Трансфер бомба: Роналдињо доаѓа во Премиер лигата

Откако со успех настапуваше во Франција, Шпанија и Италија некогашниот најдобар фудбалер на светот, Роналдињо би можел да заигра во Премиер лигата, во дресот на КПР, пренесуваат бразилските медиуми.

Откако го раскина договорот со Атлетико Минеиро, поранешниот фудбалер на Барселона, ПСЖ, Милан како слободен агент моментално ги разгледува бројните понуди. На листата на заинтересирани клубови се Флуминенсе, Бока Јуниорс, Бешикташ, американскиот Њујорк Сити, но бразилски „Globo Esporte“ тврди дека Роналдињо би можел да заигра во Премиер лигата, за екипата на Квинс Парк Ренџерс.

Весникот тврди дека Роналдињо би можел да се пресели во КПР најмногу поради неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата, Жулио Цезар. Како и да е, неговиот агент и брат најави дека конечната одлука сеуште не е донесена, но јавност уште во текот на денешниот ден би можела да дознае каде Роналдињо ќе ја продолжи кариерата.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ