Бомбастична информација доаѓа од италијанската Серија А. Антонио Конте не е повеќе тренер на Јувентус, а на негово место најверојатно ќе седне Масимилиано Алегри.
Јувентус потврди дека поради одредени несогласувања околу трансфер политката Антонио Конте побарал да си замине, па клубот спогодбено го раскина договорот со тренерот кој освои три титули во последните три години.
Информациите од Италија велат дека Јувентус веднаш избрал нов тренер, а тоа е Масимилиано Алегри, екс тренерот на Милан со кого преговорите се во тек и двете страни се блиску до договор. Алегри во текот на денот најверојатно и официјално ќе биде назначен за нов тренер, а доколку не биде постигнат договор како алтернатива се споменува Роберто Манчини.