Фудбал

СЕНЗАЦИЈА: Барселона одбила 190 милиони евра за Нејмар

Челниците на Манчестер Јунајтед подготвуваат понуда од неверојатни 190 милиони евра со кои ќе се обидат да го донесат на „Олд Трафорд“ Бразилецот од Барселона, Нејмар, пренесоа бразилскиот Golobo Esporte и американскиот ESPN.

Нејмар има договор со европскиот првак до 2018 година со откупна клаузула од 190 милиони евра, а Барселона веќе подготвува нов договор за својот играч, кој би бил со важност до 2020 година и би имал откупна клаузула од 250 милиони евра.

Техничкиот директор на Барселона, Роберт Фернандез, во неделата по мечот во Билбао изјавил дека по заминувањето на Педро во Челзи, клубот нема намера да продаде ниту еден играч од првиот тим.

To Top