Ренова го посрамоти Вардар, не само што му го нанесе првиот пораз, туку славеше убедливо со 3-0, Работнички не прекинува да победува, овој пат беше совладана Брегалница со 4-0.
Во 16. коло Вардар го доживеа првиот пораз во првенството, црвено-црните загубија со убедливи 3-0 во Тетово против Ренова. Ренова до предност од 2-0 дојде со два гола од пенал, првиот го реализираше Емини во 31. минута, вториот беше дело на Мемеди во 70., конечните 3-0 ги постави Емини шест минути подоцна со својот втор погодок на натпреварот.
Стојков одигра уште еден фантастичен натпревар за Работнички, постигна хет-трик во победата од 4-0 над Брегалница, Романтичарите дојдоа на три бода до Вардар. Четвртиот гол за Работнички беше дело на Анене.
Вардар и Работнички играат следниот викенд во последното коло од есенскиот дел, Романтичарите само со убедлив триумф над соседот можат да дојдат до есенската титула. Утре се играат проестанатите три натпревари, Силекс – Шкендија, Тетекс – Пелистер и Металург – Турново.