Вчера почина познатиот американски актер Робин Вилијамс, а во неделата Арон Ремзи постигна погодок за Арсенал. Што да кажеме повеќе, не сме суеверни, далеку од тоа, ама и ова па нема смисла.
Со тоа продолжи тригодишното „проклетство“ и бизарната урбана легенда според која Арон Ремзи со своите погодоци ден подоцна „погребува“ некоја светски славна личност. Нормално, станува збор за случајност, но навистина е неверојатно што ова се случува по кој знае кој пат. Ден после постигнување гол од страна на Ремзи умираа или биле убиени Осама бин Ладен, Стив Џобс, Муамер Гадафи, Витни Хјустон, Пол Вокер.