Љубов и секс

Уште една тажна љубовна приказна!

Уште една тажна приказна за момче и девојче кои мислеа дека имаат се и беа среќни заедно но сето тоа заврши со две скршени срца и депресија.Сето тоа започна само со еден единствен фејсбук лајк…

Тој беше згоден дечко но со многу лош карактер бидејќи му беше задоволство искористување на девојките, но сето тоа набргу ќе се измени, исто така тој многу ја сакаше HOUSE музиката и имаше навика своите омилени песни да ги објавува на својот фејсбук ѕид и имаше објавено доста песни.Еден ден додека беше уклучен забележа едно девојче како му ги лајкнува сите негови песни кој ги објавил и тоа го мотивираше момчето да и пише и така тие се запознаа.

И таа покажуваше голем интерес за него и така тие почнаа да си пишуваат со денови,сето тоа започна при крајот на летото некаде во август месец.Упорно и упорно си пишуваа но никако не се беа запозначе во вистинскиот живот ,само преку нивните виртуелни фејсбук животи.Момчето ја молеше да се сретнат но таа не сакаше бидејки не го познаваше доволно и сметаше дека сака само да ја искористи и само останаа со допишување.Како тие си пишуваа нивните разговори се продлабочуваа и дознаваа се повеке еден за друг,поминаа 3 месеци кога момчето веке сфати дека таа започнува стварно да му се допага и да го привлекува и очајно сакаше да ја запознае,истото и девојчето го чуствуваше но сепак имаше страв од нешто и несакаше да се сретнат.

Времето минуваше тие си пишуваа и се подобро се запознаваа и се заљубуваа еден во друг,но момчето додека тие си пишуваа неможеше да ја чека одеше и со други женски а таа го чекаше.Кога тоа го дозна момчето веке другите женски не му беа интересни тој се повеке и повеке се интерисираше за неа .Поминаа и 8 месеца,момчето ги броеше сите ,тие сеуште си пишуваа но не се беа сретнале.Најпосле кога заврши учебната година момчето беше излезено со неговите другари во парк,тие седеа на клупичките и разговараа за нивните приватни животи кога пред нив поминаа 2 женски и еден од неговите другари стана и се поздрави со нив и потоа застана тој и стоеше со девојчињата.Момчето седеше и си пушеше цигаре ни погледувајки лево ни десно,кога пред него застана едно девојче и му ја подаде раката и му рече ЈАС СУМ ТАА!

Тој гледаше само во неговите раце но кога го слушна тоа ја подигна главата погледна во девојчето и навистина беше таа,и тоа беше нивната прва вистинска средба каде тие се запознаа.Не презбореа ни збор но девојчето брзаше и си отиде без да каже ни збор.Тој само седеше на клупата и цело време размислуваше за неа.Таа беше преубава,ниска и добра девојка со многу добар карактер,кој веке тој многу добро и го знаеше.

Си отидоа сите дома а тој цела вечер не можеше да заспие само размислуваше на нивната прва средба и колку убава беше таа.Тоа беше при крајот на јуни месец ,после скоро 11 месеца тој ја запозна неговата единствена љубов и беше премногу заљубен во неа ,а и таа во него…После неколку време тие пак договорија средба и се сретнаа ,таа вечер само разговараа иако се гледаа во очи само по втор пат тие сепак чуствуваа дека се знаат од секогаш и веке знаеја премногу еден за друг,тогаш исто така си го кажаа и првото ТЕ САКАМ и момчето и девојчето си ги искажаа своите чуства.Цел јули месец тие се срекаваа се поинтензивно тогаш се случи и првиот нивен бакнеж,се случија и караници но бидејки многу се сакаа тие сепак беа заедно.Веке на почетокот на август момчето се вракаше од роденденската забава на неговиот другар кога пак се сретна со неа и останаа заедно,дотогаш тој беше сватил дека ја сака покрај себе и сакаше да ја праша да му биде девојка,но поради дејството на алкохолот врз момчето зборовите сами излетаа и тој ја побара да му биде женска а таа нормално прифати и тие беа заедно,тој ден беше најсрекниот ден во животот на момчето а исто така верувам и во животот на девојчето.

Сега откако тие беа заедно се гледаа секојден дури поретко се гледаа и со другарките и другарите за да бидат заедно,во нивната врска имаше се но и караници безпричински кои тие ги надминуваа бидејки љубомората беше настапила,но тоа не им застана на патот.Се одеше најдобро кога еден ден момчето доби порака на својот телефон,пораката беше од неа ,а во неа пишуваше „Јас и ти завршивме веке ,Чао!“. Кога момчето го прочита тоа го снема светлото пред неговите очи бидејки дотогаш имаше караници но ниедна не беше ваква неочекувана ,тој сметаше дека е некое недоразбирање и проба да и се јави да поразговараат но таа само го навреди со секакви зборови и му поклопи.Тогаш стварно му се слоши бидејки знаеше дека нешто не е во ред ,бидејки ја знаеше веке година време и такво нешто не беше почуствувал од неа.

После оваа порака тие веке не се сретнаа ,само контактираа преку фејсбук неколку пати кога момчето се обидуваше да ја поврати да бидат пак заедно но тогаш таа му кажа дека сеуште го сака но никогаш веке нема да биде со него.Момчето чуствуваше дека полека пага во депресија ,тоа и навистина се случуваше но не толку брзо.Неговата така беше многу голема ,исто и раната на неговото срце,сето тоа предизвика и серија на здравствени проблеми кај момчето бидејки тој се трудеше и се понижуваше а таа само игнорираше.Момчето веке не беше исто, беше целосно променето но сепак беше доста цврсто и се преправаше пред другите но внатре умираше.

И така оваа голема љубов помегу двајца сакани резултираше со две скршени срца, момче кое е во депресија и девојка која безпричински го напушти.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ