Додека некои луѓе во САД постојано јадат брза храна и имаат проблем со одењето, постојат луѓе кои што со инзворедна техника успеале да ја усогласат тежината и да се движат на раце, и тоа не на рамна површина туку да слегуваат по скали.
Мајстор за тоа е професорот по физичко, Ристо Тошески кој што предава во ООУ “Гоце Делчев” – Прилеп, кој иако има 51 година, без проблем ги слегува скалите во училишниот двор и тоа на раце. Па слободно можеме да го наречеме БРОЈ 1 професор по Физичко образование. Покрај тоа што Тошески е голем љубител на спортот тој исто така е голем уметник, резбар и писател.(има напишано неколку книги) Видете ги неговите уметнички дела ТУКА.