Музика

DNK го снимија новиот спот за “Она е од Шутка”

Не е така наивна, она од Шутка доаѓа, не е така наивна, мора да е опасна, она од Шутка доаѓа, вака звучи дел од новата песна.

Дуото ДНК го објави својот најнов видео запис за песната „Она е од Шутка“. Текстот и музиката се на Панчо, додека за аранжманот се погрижил „Baby Duks“.

Видеото е снимано на неколку локации во Шутка, а во него се појавува и убавата Ромка Сара Џеладин. На видеото се потпишува режисерот Бане Поповиќ, односно „Томато-продукција“.

Но, она што останува интересно е тоа што во самиот спот името на групата е “Baby Duks” додека на насловот на YouTube е пишана како “Baby Dooks”. Како е правилно не знаеме во сигурност, но едно знаеме “Oна е од Шутка” полека но сигурно станува хит на ДНК.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ