Фудбал

Прилеп наскоро ќе добие нов Стадион

Градоначалникот Марјан Ристески и директорот на ФФМ Илчо Ѓорѓиоски, денеска потпишаа договор за донација за реконструкција на градскиот стадион „Гоце Делчев“. Стадионот ќе има капацитет од 18.000 места, а ќе биде направен според сите критериуми на УЕФА за играње дури и на меѓународни натпревари.

Планирано е и хортикултурно уредување околу стадионот и изградба на паркинг простор. Исто така планирано е овој фудбалски терен да добие и соодветни трибини, соблекувални како и осветлување, за да може на него да се играат и ноќни натпревари.

Покрај градскиот стадион „Гоце Делчев“, ќе се градат и други фудбалски терени во градот. Со овие инвестиции Прилеп станува општина со најдобра спортска инфраструктура во Македонија која во иднина ветува дека повторно тука ќе се раѓаат ново спортски таленти. Инвестицијата ќе чини повеќе од 1 милион евра.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ