Сликата која доаѓа од првиот полуфианлен натпревар од азиската Лига на шампиони е навистина бизарна и неверојатна. Силите ги одмерија Ал Хилал и Ал Ахли, а за досудениот пенал на овој натпревар денес зборува цел свет.
Во 57-та минута при водство на Ал Ахли, дефанзивецот на Ал Хилал ја зеде со рака топката која претходно беше излезена во гол аут за да му ја даде на голманот, но тогаш судијата покажа на белата точка.