Фудбал

Илчо Ѓорѓиоски доби нов мандат за претседател на ФФМ

Илчо Ѓорѓиоски доби уште еден мандат на претседателската позиција во Фудбалската федерација на Македонија. Генералното изборно собрание утрово го изгласа досегашниот предводник на фудбалот со 91 глас, без ниту еден против.

„Почитувани делегати и фудбалски работници. Ви благодарам за поддршката и во следните четири години да го водиме македонскиот фудбал, кој има со што да се гордее согласно сработеното изминативе години“, изјави Ѓорѓиоски на собранието.

Генералното собрание го усвои извештајот на Управниот одбор на ФФМ, со кој се поништи изборното собрание на ОФС Тетово, а со тоа и кандидатурата на Мирсад Јонуз како конкурент на Илчо Ѓорѓиоски во овие избори. Јонуз е дел од фудбалската опозиција во Македонија, која пред два дена упати апел до ФФМ да не го одржи ова Генерално собрание, обвинувајќи дека е нерегуларно. Тој и иницијативата „Обединети за фудбалот“ ветија дека ќе продолжат во борбата против актуелното раководство на ФФМ, без разлика дали Ѓорѓиоски ќе биде реизбран.

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ