Фудбал

Фудбалер добри 3 картони за 12 секунди (ВИДЕО)

Фудбалер добри 3 картони за 12

Фудбалер добри 3 картони за 12 секунди на натпреварот помеѓу Гарфорд таун и Брајдлингтон од полуаматерската Нортерн каунтис ист лиг (деветта по ранг во Англија) кој заврши со резултат 1-1.

Се случи една крајно необична ситуација, главниот судија на фудбалерот Алекс Лоу му покажа три картони во рок од неколку секунди.

Сите картони беа заслужени и тоа за фаули направени во рок од 12 секунди. Најпрвин во седмата секунда од видеото подолу, Лоу прави намерен фаул за да спречи контра, но не успеа и продолжи да трча кон својот 16-ник, при што направи уште еден прекршок од позади.

Судијата сето тоа го забележа и му даде еден жолт картон за првиот фаул, па уште еден за вториот и тоа значеше исклучување, па судијата извади и црвен картон.

Според грубите стартови што ги направи самиот фудбалер, картоните му се во секоја чест заслужени, сега се очекува потегот на фудбалската федерација колкава казна ќе му додели.

Досега ова е ретка ситуација во фудбалскиот свет, па може да се смета дека ова е кандидат за Гинисов рекорд за добивање на црвен картон за најкусо можно време.

Според рангот и лигата во која што се натпреварува тимот, може да бидеме во скоро време сведоци на соборување на овај непишан Гинисов рекорд.

Дали тоа ќе се случи во блиско време останува само да си чекаме.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ