Свет

Урнатиот авион во Авганистан е на армијата на САД

Урнатиот авион

Урнатиот авион во Авганистан е на Воено-воздухопловните сили на САД, соопшти Дејвид Голдфејн, претставник на Пентагон, пренесе Military.com.

Според CBS, авионот најверојатно летал меѓу градовите Кандахар и престолнината Кабул.Еден авганистански чиновик изјавил дека меѓу остатоците на авионот ги нашле телата на двајцата пилоти.

Според други извори, во авионот се наоѓале околу десетина лица. Урнатиот авион е лоциран во провинцијата Газни, која е под контрола на Талибанците, терористичка група.

поред авганистанската агенција „Паџхвок“, одговорноста за тоа ја презеле Талибанците, пет часа по падот на авионот.

Првично беше соопштено дека во Авганистан се урнал патнички авион на авиопревозникот Ariana Afghan Airlines  и дека во авионот се наоѓале најмалку 80 лица. Претставници на компанијата ја демантираа информацијата.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top