Фудбал

ЕКСКЛУЗИВНО за Barkod.mk: Текстот на Победовата нова химна “Горд Навивач”

Нова песна а воедно и химна на Прилепскиот фудбалски бренд Победа ќе биде премиерно промовирани пред самото финале на турнирот во мал фудбал по повод ‘Св Никола’. Песната и спотот е во изведба на популарната прилепска музичка група “ХАУНДС”.

Како текстописци се јавуваат Дејви Спиркоски и Кристијан Ристески, музиката и аранжманот е на Рубин Димкоски, Видеото го изработува Христијан Конески, а интерпретацијата е на групата Хаундс и Даниел Павлоски. Прилеп се радува на успесите на сите Македонски клубови, ама навива за ПОБЕДА. Младата генерација на навивачката група ‘Мајмуни’, голем број спортски новинари, како и некои од најголемите легенди на ‘Победа ќе уживаат во новиот хит.

Знај ќе те бодрам се до крајот јас

Се дур имам живот и ме држи глас

а ти биди вечна моја Победо

за тебе верен е овој горд навивач

Знај ти си наша света икона љубов

да ти дадам имам потреба

ти срцето на терен да го оставиш

никогаш сама не ќе останиш

РЕФ:

Јас немам пари ни богатство го имам овој шал кренат високо за тебе

црвенобела еден клуб и еден идеал дај ти гол

за пак три бода и кога не сум јас со тебе светот ми е мал

мала ми е цела Земја што и да треба верувај од срце се би ти дал ла ла ла ла ла ла ла ла

Оооо те сакам победо Оооо те сакам победо Оооо те сакам победо

Те сакам тебе победо

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top