Музика

Концертна промоција на „La Colonie Volvox“ во Кино Фросина во МКЦ

По долго експериментирање со џез и традиционална музика, со својот шести студиски албум групата се враќа на пишување песни, стихови и аранжмани. Од кабаретската атмосфера на воведните љубовни песни, албумот полека се движи кон жесток блуз и рок, а хуморот и политичките теми ги заменуваат љубовните мотиви во вториот дел од ова издание.

Овој материјал беше тест за креативноста и композициските вештини на членовите, кои беа оставени на страна во претходните изданија. По долг период, Volvox се враќаат со електрична постава, а во МКЦ во четврток ќе го свират целиот материјал од албумот, со неколку нови и сè уште необјавени песни. На сцената ќе се појават во следнава постава: Сашо Гигов – Гиш (вокал), Предраг Икономовски (гитара, вокал), Ненад Неделков (гитара, вокал), Филип Димишковски (клавијатури), Драган Стојковски (бас) и Гоце Стефковски (тапани), а како гости ќе се појават Јана Гигова (придружен вокал) и Сашо Ѓорѓевски (усна хармоника).

Билетите по цена од 250 денари може да се купат на билетарата во МКЦ.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

To Top