All for Joomla All for Webmasters
Фудбал

Доказ за неправдата: Од контролната соба сугерирале да се прегледа снимката, судијата одбил!

ВАР судиите

Скандалозната одлука на германскиот судија Брих не минала незабележано ни во ВАР собата, кој на својот официјален Твитер профил дал шокантно објаснување.

-ВАР автоматски ја премота снимката од спорната ситуација, односно борбата, во текот на натпреварот меѓу Србија и Швајцарија. “Тивката проверка” е завршена и сугерирано му е на судијата Брих официјално да ја прегледа снимката. Само главниот судија може да побара официјален преглед за да ја потврди својата одлука. А во оваа прилика беше задоволен со својата одлука на теренот, стои во соопштението на ВАР.

Катастрофалното судење не минало незабележано, а најмногу полемики предизвикал детаљот од 66 минута, кога на Александар Митровиќ му бил досуден фаул во напад, додека го држеле двајца швајцарски репрезентативци.

Големиот број на одлуки, реагираат спортските медиуми и експерти, биле сомнителни. Ситуацијата која може посебно да се издвои, од морето грешки на Германецот, е таа која се случила кон средината на вториот дел од играта.

Имено, од десната страна на теренот центрирал Тадиќ, Митровиќ бил најблиску до топката, но бил спречен да шутне поради боречкиот зафат на двајцата швајцарски стопери.

Тоа што било најкомично е тоа што Брих, сигнализирал фаул во напад.

Ова била само една во низата ситуации кои можеле директно да влијаат на понатамошниот тек на натпреварот.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ