Фудбал

Еве зошто ВАР судиите не реагираа и не досудија пенал за Србија

ВАР судиите

Ситуацијата која привлече најмногу внимание на вчерашниот меч помеѓу Србија и Швајцарија беше потенцијалниот пенал направен врз Александар Митровиќ.

Судиите останаа без реакција и дури досудија фаул во напад, иако српскиот фудбалер беше во дуел со двајца противнички дефанзивци.

По целата ситуација, Србинот заврши на земја заедно со Шар и Лихштајнер, а германскиот судија, Феликс Брих, наместо пенал, реши да покаже со раката на спротивната страна. Не се огласија ниту од собата каде што се сместени ВАР судиите, што предизвика гнев кај членови на српскиот национален тим по мечот, кој го загубија во последните моменти.

Изгледа судиите беа „зафатени“ со играње на популарната видео игра, „Фортнајт“.

Секако дека се работи за шега која го исмејува ВАР системот и неговиот молк на штета на српската репрезентација.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ