Шоу бизнис

Шакира и нејзиниот сладок син го затворија Мундијалот

Главната музичка ѕвезда на церемонијата по повод затворањето на Мундијалот беше популарната Шакира. 37-годишната Колумбијка ја раздвижи бројната публика со енергична изведба на „Dare (La La La)“.


На церемонијата освен Шакира се појави и малечкото слатко синче Милан, Шакира заедно со својот син ја поздрави многубројната публика на терените во Бразил. Шакира по третпат е гостинка на Светското првенство и е силно поврзана со овој спортски настан. Во 2010 година таа се запозна со Пике за време на промовирањето на химната „Waka Waka (This Time for Africa)“.

„Никогаш нема да заборавам дека ја запознав љубовта на мојот живот на Светското првенство во фудбал. Ако не беше Светското првенство, мојот син Милан немаше да биде тука“ – изјавила Шакира.

На сцената Шакира блескаше во црвена креација со реси од Чарбел Зое.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ