Музика

Џесика во Октомври ќе го објави нејзиното прво CD

Џесика Палашоска има 24 години и е естраден уметник. Иако нејзиното име е несекојдневно за нашите простори сепак таа е македонка, поточно Битолчанка. Името Џесика не е уметничко име тоа е нејзиното вистинско име кое го добила по познатата глумица Џесика Ланк.

Како естраден уметник Џесика е постојано на настапи како низ нашата држава така и надвор од гранците на Македонија. Така што таа има многу малку слободно време, па затоа секое слободно време го користи да се види и напие кафе со најблиските, а многу често знае да се опушти и со некоја добра книга. Како неизоставен дел од нејзиниот живот се музиката, високите потпетици и секако фитнес салите.

Џесика е позитивна и искрена девојка со несекојдневна убавина доволна провокација да ги погледнете нејзините прекрасни фотографии. Наскоро се очекува и промоција на нејзиното прво CD. Во продолжение може да го проследите интервјуто што Џесика го даде за Баркод.мк

Баркод.мк:  Кажете ни накратко за себе си? Кои се вашите силни и слаби страни?

Во принцип повеќе сакам кога другите кажуваат за мене Меѓутоа ете на кратко млада и амбициозна особа која си ја сака работата ја сака музиката и сака многу да патува . Како силна страна ги сметам упорноста вербата во себе и трпението. А слаба добрината затоа што оние кои добро ме познаваат некогаш знаат тоа да го злоупотребат.

Баркод.мк:  Кога влеговте во светот на музиката?

Во светот на музиката сум уште како дете од мојата 11та година долго време пеев во хорот на “Орфеј” искрено јас пораснав со музика, така што од мојата 20та година почнав професионално да се бавам со музика.

Баркод.мк:  Под кое мото се водите во животот?

Имам повеќе а едно од нив е “Внимавај што посакуваш може да ти се оствари” 

Баркод.мк:  Како го поминува Џесика летото, повеќе работно или наоѓа време и за одмор?

Секако дека работно време за одмор кратко но слатко секогаш добро поминато со моите најблиски пријатели

Баркод.мк:  Дали си задоволна со досегашниот постигнат успех на музичкото поле ?

Секогаш можеме повеќе но секако дека сум задоволна а воедно и горда на себеси затоа што се што постигнав постигнав сама со многу труд и работа.

Баркод.мк:  Каков вид на музика слушате и кој жанр на филмови ви се допаѓаат ?

Најмногу слушам народна македонска музика затоа што и тоа го пеам но и во блиска иднина планирам да снимам преработка на наши народни песни. Но не значи дека не знам да се опуштам со нешто странско. Комедија дефинитивно сакам да се смеам

Баркод.мк:  Што мислите за музиката во Македонија и дали тоа за тебе би било идната професија. Што би им препорача на читателите на Баркод.мк?

Имаме многу богата народна музика која ја обожавам и да ја слушам и да ја пеам. Нормално дека тоа е мојата професија имам уште многу пред мене сеуште сум млада но дефинитивно само во тоа се пронаоѓам. На читателите им препорачувам што повеќе да читаат Баркод.мк  и да слушаат македонска музика тоа е нашето богатство

Баркод.мк:  Во меѓувреме го спремате вашето прво CD. Кажете ни нешто накратко за тоа ?

Точно е работам на моето прво Цд не би сакала да откривам детали но за кратко ќе бидете известени и повикани на мојата промоција

Баркод.мк:  Имате навистина верни фанови на кои не пропуштате прилика да се заблагодарите ?

Секако дека имам верни фанови кои не ги пропуштаат моите настапи и на кои секогаш им се заблагодарувам ете и во оваа прилика ги поздравувам затоа што ги сакам и обожавам тие се мојата инспирација и мото за работа не би сакала да ги разочарам.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ