Вчера вечер на градскиот прилепски базен, прилепчани уживаа во настапот и песните на феноменалните дечки од “Амадеус Бенд”. Прекрасна вечер која ќе се памети до долго ни приредија момците од Амадеус Бенд.
Бендот својот настап го започна со “Моја земја”, а веднаш потоа продолжија со старо-новите песни “Ти си та”, “Лажу те”, “100 посто”, “Није свеједно”… и многу други песни како од нивниот репертоар, така и останатите српски поп и фолк пејачи. Интересно беше што освен овие песни, “Амадеус Бенд” исполни и доста македонски песни, меѓу кои и познатите: “Македонско девојче”, “Едно име имаме”, “Туѓа си бескрајно”, “Розо моја”… а концертот го завршија со песната “Жал”. Во преполнетиот прилепски базен освен публика од овој град, имало и присутни и публика и од останатите градови во Македонија.