Како што пренесува Курир,претставник на политичка партија сликал кочан со гласачки ливчиња при разнесување на гласачки материјали на гласачко место во Основното училиште „Невена Ѓорѓиева-Дуња“.
Како што соопшти МВР, претседателот на Избирачкиот одбор на избирачкото место 2743 пријавил дека при разнесувањето на материјалите еден претставник на политичка партија сликал кочан со гласачки ливчиња со мобилен телефон. Односно, сликани биле горната корица на кочан со број на гласачко место и сериски број на првото и последно ливче.