Фудбал

Комити: Згрешивме што го продлабочивме јазот помеѓу Скопје и внатрешноста!

Навивачите на најтрофејниот македонски клуб Вардар, Комитите, кои за една недела со најавен спектакл ќе го прослават тридеценискиот јубилеј од формирањето во 1987 година, денеска се извинија за грешката која ја направиле за да се продлабочи јазот помеѓу Скопје и внатрешноста од Македонија, иако црвено-црните имаа(т) одгромен број на приврзаници низ градовите низ Македонија.

Од формирањето на Вардар, најголемиот македонски фудбалски бренд бил македонска гордост и за него навивале не само Скопјани, туку и сите жители во земјава, радувајќи се на успесите во поранешната држава, на големиот шампионски трофеј во годината кога Комити се формирани. Но, по осамостојувањето работите се сменија, а јазот и нетрпеливоста помеѓу Скопје и внатрешноста стана уште поголем

„Грешевме во минатото признаваме, со нашето недоволно согледување на реалноста, несразмерната регионална развиеност, миграцијата кон главниот град, (за која немавме никаков удел), потпомогнавме да се продлабочи јазот помеѓу внатрешноста и главниот град, и Вардар наместо да се доближи до своите навивачи од внатрешноста, ние со своите постапки придонесовме љубовта да биде некомплетна, привилегијата и правото да се сака Вардар неправедно го пренесовме како ексклузивно кон главниот град…Се извинуваме поради тоа… Затоа сега поради вашата истрајност и лојалност кон Вардар и покрај нашите непромислености во минатото, можеме слободно да кажеме дека Вардар е гордост на цела држава, Македонска авангарда која е подеднакво близу срцето без оглед на местото на живеење…“, велат Комити меѓудругото во своето објаќање.

Вардаровите навивачи ги повикаа сите на кои Вардар им е во срцето да дојдат идната недела на „ел класико“ против Пелистер за заедно да се прослави јубилејот – 30 години Комити, 70 години Вардар. Целото обраќање на Комтити ви го пренесуваме во целост.

„Соочување… Речиси 70% од структурата на Комити пресликана на странава, ја сочинуваат луѓе со старосна граница од 18 до 34 години. Фанови на странава покрај Скопје од каде потекнуваат 70% од вкупниот број, има од многу други места… Најголем број после Скопје има од околината на Рајна Вестфалија – Германија, каде покрај големиот број наши иселеници (Комити Дијаспора) мнозинството го сочинуваат нашите браќа, навивачите на Шалке… Веднаш по нив следува Тетово и нашите браќа Војводи! Специјален поздрав до Гелзенкирхен и Тетово!!! Веднаш по Тетово традиционално најмногу поддржувачи имаме од регионот Охрид/Струга, потоа следи градот на Гемиџиите – Велес, од каде традиционално доаѓале голем број на Комити исто како и од Гостивар… Редоследно по нив: Куманово, Штип, Прилеп, Кавадарци, Кичево, Кочани, Струмица, Неготино, Битола, Гевгелија, Радовиш, К.Паланка…итн. Многу од вас се интересираат зошто странава е именувана Комити Скопје? Одговорот е токму во демографската статистика, но и поради фактот што Комити активно делуваа во екс Ју лигата, каде како центри се јавуваа сите поголеми градови и беше престиж да се промовира својот град во една конкуренција на градови со традиција, историја и стратешка важност (Белград, Загреб, Сарајево, Сплит, Љубљана…). Името кое сите нас не врзува е Комити Запад… Грешевме во минатото признаваме, со нашето недоволно согледување на реалноста, несразмерната регионална развиеност, миграцијата кон главниот град, (за која немавме никаков удел), потпомогнавме да се продлабочи јазот помеѓу внатрешноста и главниот град, и Вардар наместо да се доближи до своите навивачи од внатрешноста, ние со своите постапки придонесовме љубовта да биде некомплетна, привилегијата и правото да се сака Вардар неправедно го пренесовме како ексклузивно кон главниот град…Се извинуваме поради тоа… Затоа сега поради вашата истрајност и лојалност кон Вардар и покрај нашите непромислености во минатото, можеме слободно да кажеме дека Вардар е гордост на цела држава, Македонска авангарда која е подеднакво близу срцето без оглед на местото на живеење… Нашата трибина во Недела, 19.11.2017 ќе биде составена токму од местата посочени во Демографскиот приказ, и во името на љубовта кон Вардар и боите на клубот кој не врзува сите нас, ве повикуваме да ни се придружите, Добредојдени сте сите !!! Скопје-Тетово, Струга-Гостивар, секој град и село е Македонија, тука сонцето грее најсилно, стани Македонче ова е твојот дом!!!

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ