All for Joomla All for Webmasters
Економија

ДАЛИ МЕУРОТ ПОЧНУВА ДА ПУКА: Цената на биткоинот падна под 7000 долари

Цената на биткоинот падна под 7.000 долари во петокот, што претставува пад од повеќе од 5 отсто во однос на претходната сесија, објави „Ројтерс“. Бидејќи во средата достигна уште еден историски врв, криптовалутата падна за над 1.000 долари. На луксембуршката берза Bitstamp, биткоинот падна на 6.800 долари,

по што се опорави на околу 6.870 долари. Во средата вечер, криптовалутата достигна 7.888 долари откако ажурирањето на софтверот беше одложено, што би довело до нова поделба на биткоинот. Оваа надградба е одложена до следната недела. Откако биткоинот поевтини, „Bitcoin Cash“ – уште една филијала на биткоинот, создадена на 1-ви август – скокна за околу 35 отсто за еден ден до 850 долари, според податоците од специјализираната веб-страница на „Coinmarketcap“.

И покрај тоа што изгуби скоро 7% оваа недела, биткоинот се зголеми за над 600% во оваа година.

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ