Денес, во рамките на 10тото коло од општинската Б лига, на теренот со вештачка трева “Типски”, се одржа првенствен натпревар помеѓу екипите на Јунајтед Прилеп и Прилеп Сити. Натпреварот започнаа со возбудливи напади и контра-напади.
До вистинска жештина и разгорување на играта дојде некаде во 32 минута кога во една мешаница во 16-никот, подобро се најде Јовица Обрадовиќ и постигна гол за водство на Јунајтед. На одмор се замина со тој резултат. Потоа во второто полувреме по една инзворедна акција, напаѓачот на Јунајтед – Пеце Кочоски сам од својата половина тргна, влезе во противничкиот 16-никот и успеа во аголот што го бранеше голманот да постигне гол. Тоа беа и конечни 2-0.