Фудбал

ФК Победа доби нов претседател, Гоце Ингилизов

Претпладнево во клупските простории на ФК Победа се одржа технички состанок на кој беше официјализирана промената на претседателската функција.

На местото на досегашниот претседател Горан Хаџи-Ристески, кој се повлекува поради службени обврски, нов претседател на Победа од денес и официјално е д-р Гоце Ингилизов, директор на Центарот за јавно здравје од Прилеп.

Хаџи-Ристески останува еден од спонзорите на клубот и член на Управниот Одбор на клубот. На состанокот со стручниот штаб се разговараше за состојбата со играчкиот кадар и потребите од негово засилување и активностите кои треба да се преземат на овој план во наредниот период. Веднаш потоа се одржа состанок со играчите на кои им беше соопштена веста за промената на претседателската функција.

Шефот на Стручниот штаб ги информира фудбалерите дека првата прозивка и почетокот на подготовките за пролетната полусезона се закажани за 10-тти јануари во 10 часот. Екипата на Баркод.мк му посакува успешна работа на новиот претседател.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ