Музика

Прва авторска песна на Two of a Kind (ВИДЕО)

Two of a Kind е музичка група која што е составена од младите и амбициозни прилепчани Марио Ангелевски и Давид Јакимов кои како тандем со музиката соработуваат уште од 2013 година.

Предходно, Марио и Давид изработувале само ковери на песни, но оваа е нивна прва авторска песна. Песната го доби името “Going Crazy” , во која како вокалист и гитарист се јавува Марио, а како пијанист Давид. Текстописци се самите членови на групата, додека музиката е снимена во студиото на ThaTitanium, каде што како продуцент се јавува RickBeatZ.

Песната за многу кратко време наиде на позитивни реакции што ги охрабрува овие млади момци да продолжат понатаму. Баркод.мк ви честита и ви посакува многу понатамошни успеси на музичкото поле. Во продолжение може да ја слушнете “Going Crazy“.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ