Заврши судењето за навивачот на Галатасарај кој го уби Мирко Ивковиќ на 21. ноември минатата година во Истанбул.Според информациите на турските медиуми, Кадри Акташ кој е првоосомничен за убиството на навивачот на Црвена Звезда е осуден на 25 години затвор.
Одбраната смета дека казната е превисока и ќе вложи жалба, додека обвинителството бара доживотна казна. Српскиот навивач, Мирко Ивковиќ беше убиен на 21. ноември минатата година во Истанбул пред почетокот на мечот помеѓу Галатасарај и Црвена Звезда во рамките на Евролигата.