ФК Победа попладнево го реши најболното место во тимот. Претседателот Горан Хаџиристески ги договори условите и може да се смета дека нов чувар на мрежата на црвено-белите е искусниот Ванче Манчевски.
Манчевски (кој утре слави 33-ти роденден) во кариерата има настапувано за повеќе наши клубови:последен му беше Тетекс, потоа Работнички, Шкендија и Металург, и во албанските екипи Беса и Елбсан.
Важи како искусен голман со посебна специјалност одбрана на пенали-а се паметат неговите бравури со одбранетите пенали во куп фналето за Тетекс со Шкендија и минатат сезона во полуфиналето Тетекс-Турново. Манчевски првиот тренининг со своите соиграчи ќе го има во петок кога ќе се стави на располагање на Шефот на Стручниот штаб Дарко Крстески и тренерот на голманите Благоја Смоквоски.
Своето деби на голот на Победа ќе го има во следното 4-то коло на гостувањето на Кожуф во Гевгелија.
Да напоменеме дека в недела со почеток од 16:30 во Прилеп на Победа и гостува Вардар.