Еден навивач остана без дланка, а десетина се повредени по инцидентот што се случи на крајот од натпреварот меѓу Пелистер и Вардар. Неофицијално, според една од верзиите, навивач одземал шок бомба од полицаец и невнимателно ја активирал.
Но, сепак како и да е не треба да се случуваат вакви немили настани особено на спортски настани. Тимот на Баркод му посакува брзо закрепнување на сите повредени навивачи. Една слика ни остави силен впечаток, дали треба да се случат вакви немили настани за да го заборават големото ривалство “Чкембари” и “Koмити”.