Има многу рецепти со тиквици, но ние се надеваме дека овој рецепт сигурно ќе ви се допадне и почесто ќе го практикувате во вашата кујна.Плескавиците со тиквици се лесни за подготовка, содржат малку калории и е одличен рецепт посебно за вегетарјанците.
Потребни состојки:
750 грама тиквици (претходно изрендани)
¼ чаша брашно
¼ чаша изрендан пармезан
2 чешниња исечкан лук
1 изматено големо јајце
2 лажици маслиново масло
1 лажичка сол и бибер
Начин на подготовка:
Тиквиците се рендаат и се оставаат да се исцедат, а потоа ја додаваме солта и правиме смеса од нив која ја оставаме да отстои едно 10-тина минути. Откога ќе помине тоа време во поголем сад ги мешаме тиквиците со брашното, пармезанот, лукот и јајцето и додадете сол и бибер.
Во тава ставаме масло да се загрее откако претходно ќе направиме плескавици ги ставаме да се пржат се додека плескавицата не добие убава златно кафена боја. Пржиме 2 минути, а потоа ја превртуваме од другата страна и ја повторуваме истата постапка.
Од кога ќе ги испржиме сите плескавици од тиквици веднаш ги сервираме бидејќи се јадат топли, а како додаток можете да направите и некој сос.
ДОБАР АПЕТИТ !!!