All for Joomla All for Webmasters
Здравје

Интервју со Д-р Ана Филипче специјалист психијатар-Стресот е се повеќе присутен кај младите

Стресот и психичките заболувања кај младите се се повеќе присутни. За таа тема а и за неколку други од областа на психијатријата дискутираме со познатиот психијатар Д-Р Ана Савеска-Филипче

Баркод.мк: Кратка ваша биографија, каде дипломиравте и зошто ја избравте токму психијатријата ?

[quote align=”center” color=”#999999″]Родена сум во Скопје каде завршив основно и средно образование. Подоцна го продолжив образованието на Медицинскиот факултет ви Скопје со единствена желба – да станам психијатар.  Веднаш по завршувањето на формалното медицинско образование, најпрво волонтерски, а потоа со оформување на редовен работен однос, продолжува (и се уште трае ), мојата едукација и посветеност кон психијатријата и лицата кои имаат ментални потешкотии.[/quote]

Баркод.мк: Кои се најчестите случаи во вашата докторска пракса со кои сте се сретнувале до сега ?

[quote align=”center” color=”#999999″]Психијатриската пракса вклучува работа со лица и нивни потешкотии од широк дијапазон. И најмладите и највозрасните не се исклучени од овој збир, што е од особено големо значење, бидејки растројствата кај овие групи знаат да бидат многу неспецифични и е многу лесно да се мисдијагностицираат. Загрижувачки е што младите луѓе во продуктивен период се најголемите баратели на психијатриска помош, особено кога се работи за состојби врзани со стрес и непријатни и неповолни животни случувања. Покрај класичните психијатриски растројства кои имаат еднаква дистрибуција низ времето, би можела да кажам дека депресивните растројства кои се асоцирани со континуирано неповолни и неадекватни животни околности како и со стрес поврзани растројства се зачестени во последниот период. Тука би ги спомнала и болестите на зависност односно адиктивно однесување кое е особено застапено кај младата, адолесцентна популација.[/quote]

Баркод.мк: Се повеќе се спушта возрасната граница за психичките проблеми кај луѓето, што допринесува за зголемениот број на психички проблеми кај младите и возрасните ?

[quote align=”center” color=”#999999″]Постојат растројства кои се специфични за секоја возрасна група. Тие можат да се јават од најмала возраст, а не е реткост истите да се манифестираат за прв пат и во позрели години. Меѓупериодот е терен во кој според спецификите и животниот стил се јавуваат најразлични психички растројства. Ова е нормалната динамика на појавување на психичките растројства. Она што во последниот период е зачестено е појава на психички ратројства кои се врзани со стрес, притисок на работно место, брз начин на живот, социо-економска-семејна-професионална нестабилност….Од ова не се поштедени ни најмладите. Се повеке млади индивидуи се јавуваат на психијатар, без предрасуди и стигматизирање.[/quote]

Баркод.мк: Колку стресот може да биде фатален за психичкото здравје кај обичниот човек ?

[quote align=”center” color=”#999999″]Стресот е еден од факторите кој е сепoприсутен, и е моќен етиолошки фактор за психичка дестабилизација. Постојат група на растројства кој се викаат Психосоматски растројства, кои се многу чести, а се резултат на стрес. Moжат да зафатат било кој соматски систем во зависност од индивидулана предиспозиција а најчести се покачен крвен притисок, главоболки, дијабетес, астма, кожни промени, улкус…..Непрепознаена и нетретирани ваквите состојби можат да се со  многу сериозни последици[/quote]

Баркод.мк: Македонците се релативно зависници од цигари и алкохол, дали состојбата станува алармантна? И дали психијатријата може да помогне со зависностите ?

[quote align=”center” color=”#999999″]Постои гранка во рамки на психијатријата која се занимава со зависностите и секако дека истата се обидува и наоѓа начин за справување со зависностите.Цигарите и алкохолот точно е дека се застапени во голем процент во секојдневното функционирање, но би рекла дека повеке се работи за стил на живот, понекогаш статусно обележје, воспитување…. Не ретко истите се консумираат симптоматски, како стредства за намалување на напнатост и анксиозност, како познат народен лек.[/quote]

Баркод.мк: Што се е потребно за да се одржи и сочува менталното здравје кај луѓето ?

[quote align=”center” color=”#999999″]Превенцијата е најважна! Во вакво стресно и брзо време секој треба да најде време за себе и своите потреби, мора да се најде начин за растретување на напнатоста. На кој начин?Нема универзална формула – секој има своја лична – дали физичка актвност или некое друго хоби, јога, разговор и делење на проблемите… можностите се големи. Оние кои не успеваат сами да ги разрешат проблемите секогаш можат да се обратат на психијатар. Особено ми е драго што се поголем број на млади луѓе се охрабруваат да се јават на психијатар без стравувања и предрасуди, спремни да ги изложат потешкотиите, но и да примат совет, без страв од дискриминација. Кај младата популација не важат стереотипите типични за минатите времиња, дека психијатрите лекуваат само “луди”.[/quote]

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВРВОТ