Здравје

Апел за помош на малиот Михаил Јолески

Да помогнеме, да подадеме рака, да спасиме едно дете. На четитригодишниот Михаил Јолески од Кичево дијагностицирана му е тешка хронична аномалија на бубрезите, поточно лев бубрег со многу ниска функција и десен бубрег огормен, со дилантација (проширен) со стеноза на мочен утерис.

За неговото лекување потребни се 10.000 евра, сума која неговото семејство не може да ја обезбеди. Неговата операција е закажана за 29 мај, но родителите мора претходно да ја обезбедат сумата која е потребна.за операцијата да биде реализирана.

Доколку не се собере сумата, операцијата ке се реализира кога истата ќе се собере. А ИТНО Е! Едно дете чека на нас. Да може да има и тоа детство какво што секое дете може да има. Насмевката на Михаил е бесценета. Да му дадеме можност на ова сонце да се смее постојано.

Семејството замолува, кој може и сака да помогне, да помогне со донација на

210-5016883338.40 на НЛБ ТУТУНКА БАНКА.

Tелефонски броеви за донации

Т-Мобиле 070 143 117

VIP 077 143 110

ONE 075 143 150

Превземено од : ТЕЛЕГРАФ.МК 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ