All for Joomla All for Webmasters
Живот и стил

За сите оние што ги разделува проклета туѓина

Незнам од каде да почнам. Или пак воопшто не сакам да почнам…Можеби затоа што ме боли душата, или можеби затоа што не можам да пронајдам зборови кои би опишале како се чувстувам.

Како да е крај на светот, како да пуштам да си оди дел од мене. Чудно е како некои личности за кратко време ни влегуваат во животот, ни стануваат мили и поблиски од било кој друг и баш тие истите си одат. Дури да трепнеш. Дури да воздивнеш.Се сеќавам на нашето прво запознавање, на нашите срамежливи погледи и неколку обични зборови,потоа запишување во исто средно училиште, за нашето дружење за толку кратко време да се претвори во нешто големо и необично. Се претвори во моја друга половина која посакувам секогаш да е тука и да кажува работи кои ме прават целосна.

Се чувствувам толку поврзано со неа што кога и да ја погледнам во нејзините сини очи, секогаш си ја гледам душата, си го гледам спокојот.
Пред една година ни соопшти дека ќе ја напуши земјава. Дека ќе живее далеку. Кога го слушав тоа, го слушав со неверување и се правев како да има цела вечност до разделбата. Но времето  си го направи своето.

Се ближи тој ден. Ден пред кој кој ми се полнат очите со солзи, и ден на кој не сакам да бидам сведок. И сакам да вреснам! На цел глас! Но, невозможно. Тапа болка чувствувам во грлото. Проклета да е туѓата земја што ги разделува сите! Проклета да е и нашата земја!
Затоа што солзите не се добројуваат,затоа што нашите денови си одат заедно со ветерот. А сепак спомените остануваат…

Другарството останува!
Ќе недостигаш во нашето училиште,ќе недостигаш во нашата чаршија, ќе недостигаш во нашето друштво, ќе недостига твојот добро познат мирис…
И едно сакам да знаеш! Каде и да одиш, секогаш да се враќаш, бидејќи има кој да те пречека во твојот крај и да те завие во прегратки!

ВРВОТ