Живот и стил

Секоја мајка се бори за своето чедо

Некогаш некаде во историјата на човештвото постоеше една изрека која гласи: „Секоја мајка се бори за своето чедо“. Ќе се запрашаме и денес дали секоја мајка би се борела за своето дете? Одговорот е јасен, секоја мајка би дала се за да го гледа своето чедо како се смее. Неизмерна е љубовта и поврзаност помеѓу мајка и ќерка, некои велат половина душа од мајката им припаѓа на ќерките, и тоа е голема вистина.

Низ животот ми поминувале многу луѓе и оставале некаква трага дали било тоа добра или лоша, позитивна или негативна. Пред скоро време сретнав прекрасна мајка со душа мека како памук и нејзината голема но за неа сеуште мала ќеркичка. Тамара, да така беше името на тоа палаво, брзоплето и немирно девојче, девојче со цврст карактер како камен, а душа како дете. Таа беше приказна сама за себе и за нејзиниот живот исполнет со различни победи , порази и искушенија кои животот ни ги наметнал прилично на сите. Но за среќа покрај сите нејзини падови и искушенија кои ја следеа тука беше нејзината заштита, тука беше жената силна како карпа,со душа кревка како памук,тука беше нејзината мајка. Да, Менче силната жена со очи полни љубов за своето чедо. Таа беше нејзиниот учител, нејзината животна поддршка, пријателка, доктор и се она што би ви текнало во моментов. Мајка која во секој момент би почувствувала се она што и таа го чувствува, мајка која девет месеци ја носела под срце. Таа беше тука да се радува на сите нејзини успеси и да плаче со неа за сите нејзини падови. Во животот следи серија од убави настани, но не секогаш. Па така и во животот на малата Тамара се случија ненадејни пресврти за кои и таа самата беше свесна, а истовремено и тажна, се бореше, борешее и борешее сама се додека не ги потроши нејзините резерви и тогаш кога мислеше дека светот се руши над неа и дека цел универзум решил да биде против неа, некој и подаде рака. Ќе речам рака, но не обична рака од пријател,обично секојдневно ракување туку ја доби раката цврста како камен од нејзината мајка која застана пред неа, искрено застана пред неа кога гледаше дека нејзиното чедо се распаѓа,плаче и тагува потпоено со рани на душата и скршено срце. Како нејзините солзи се слеваа по нејзиното лице, така се слеваа и солзите на мајчиното лице. Како таа тагуваше на глас секој ден, така мајчиното срце тагуваше без да испушти еден крик. Насмевката, искреноста и радоста ја снемуваше од лицето на Тамара се повеќе и повеќе, а нејзината мајка бдееше над неа ја тешеше и ја водеше кон правиот пат. Секојдневно и кажуваше убави зборови, секојдневно му објаснување на своето девојче колку таа вреди за себе и колку вреди во нејзините мајчини очи и често и каживаше: „Мајка никогаш не мисли лошо, послушај ме овај пат и врати ми се она што беше ти“. Во секој момент и повторуваше дека таа е нејзиното мало девојче кое што сака да го гледа среќно, со насмевка на лицето и сјај во очите. И ке речат мајка си е мајка, а мајка најдобро го знае своето чедо, најдобро знае како диши и што би кажала се пред да кажи. Таа беше силна мајка кое го крена своето дете од длабокото дно, таа беше силна жена се избори за своето чедо го исправи на нозе. И покрај сите лоши денови, таа дојде до денот кога си го врати своето мало девојче онака како што таа го израсна, во прекрасна личност со чисто срце, онака како што таа умееше да ја гледа секој ден.

Од срце за Тамара.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ