Балкан / Регион

Мајка се обидела да го убие детето ставајќи му отров за глувци во уста!

отров за глувци

Вишиот суд во Зрењанин, Србија покренал обвинение против М.Ж. (25) од едно село во околината на Зрењанин поради сомневање дека таа сторила кривично дело тешко убиство во обид.

Мајката на 4 јануари годинава во својата куќа, во состојбана намалено расудување се обидела да го убие своето петгодишно дете.

Таа зела една гранула отров за глувци и му го ставила на детето во уста. Потоа во една чаша ставила повеќе гранули, дотурила вода и ги промешала. Му го дала отровот на детето да го испие. За среќа, не успеала, бидејќи на детето му паднала гранулата од уста, потоа притрчал братот на обвинетата, ја оттурнал и и ја зел чашата од рака. За тоа време, сестрата на обвинетата го внела детето во куќата.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ