По настапот на „Ѕвездите на Гранд“ иако не помина во следниот круг, заради сплет на околности кој ја заинтригира јавноста сепак, беше поканет во отвореното студио каде го пречека водителот Ване Маркоски.
На интервјуто во емисијата која се емитува во живо Александар отворено зборуваше за искуството од двете сезони, и за тоа како ги прифатил коментарите, советите но и навредите упатени од Јелена Карлеуша.
– Макар и да е негативна, ако е критика од која може да се извлече поука која во иднина ќе ми користи во животот и музиката, со ширум отворено срце би ја прифатил. Но никако не можам да прифатам како критика видна навреда која е преполна со потсмев и сеир, а не носи поука, ниту пак носи нешто што ќе ми користи во животот и во понатамошната кариера. – изјави Александар.
– Што мислиш за Јелена Карлеуша, и колку ти влијаат нејзините конструктивни мислења во однос на твоето пеење?! – Мислењата кои не се поткрепени со факти и поуки кои укажуваат на моите грешки воопшто не допираат до мене, и само ми даваат поголема мотивација да успеам, покажувајќи ми дека сум на вистинскиот пат. – Што се однесува до нејзините вокални способности кратко ќе кажам дека Карлеуша е всушност Александар Стевановски кој имал среќа да успее во животот. – Заврши Александар.
Видеото од гостувањето на Александар во „Отворено студио“ најверојатно деновиве ќе биде објавено на официјалната страна на Канал 5 телевизија, каде публиката ќе може подетално да го проследи целиот тек на разговорот.