All for Joomla All for Webmasters
Љубов и секс

Женско е ќе згреши

Се сакаа ете така со тек на време се засакаа,но во сите тие години се знаеше само љубовта на едната страна нејзината.Тој знаеше колку нејзината љубов е голема и вистинска,знаеше но во никој случај несакаше да ја прифати.

Тој себеси и се прикажуваше како некој на кој не му е гајле,дека целосно е безчуствителен,толку многу и го покажуваше тоа што таа мораше да се откаже од се најмногу од љубовта но ете тоа не и успеа.И покрај големата љубов која што ја имаше само за него таа продолжи со животот но не и да живее,таа се смееше но не беше среќна,имаше момче но не и љубен, се бакнуваше но не милуваше.Секоја помината ноќ со друг ја подсетуваше на него,на неговиот мирис..

Таа женско како женско ќе вика, ќе го мрази на зборови,ќе зборува груби работи,ќе се прави силна,ќе застани пред него со друг насмеана од шеска до шеска ќе глуми најсреќна но ни малку не го чуствува тоа..Ете повторно како женско ќе згреши нема да ја види вистинската страна ќе прави се за инает..Од тој проклет инает не го виде жарот во неговите очи,љубовта која беше скриена со години.

Но како велат се се дознава кога тогаш ништо тајно не останало па ни неговата љубов.Правеше безсмислени грешки,со тоа што правеше се за да се покае што не и покажал ни малку љубов,но никогаш не свати дека се повеќе и повеќе го губи. Ако нешто толку многу сакаш,најди барем една причина да се бориш за истото,без разлика колку и да трае борбата година,две,три па и повеќе.Се сакаа.. Сакаа да бидат еден покрај друг, да се гушкаат, да се гњават, да не се пуштаат.

Го болело кога ја гледаше со него… Тешка е помислата дека ја има друг.Надежта последна умира, но сепак умира… Но има надеж дека еден ден ќе се држат за рака..Сонуваа како заедно седат под ѕвезденото небо, и размислуваа, за нивната иднина. Што и да е, таа никогаш нема да се откаже од него, таа секогаш ќе го сака, затоа што таа веруваше во нивната љубов, за нивната љубов живееше.

ВРВОТ