Љубов и секс

Вети ми дека …

Тој никогаш не почуствува ништо реално за неа цело време и кажуваше лаги,лаги во кои таа слепо веруваше.И кажуваше како сака слобода и релаксација без никој да го замара.И кажуваше дека не е се до врската дека љубов постоело и без врска.

Веруваше таа во секој кажан збор од него се додека недозна дека тој почнал нов живот со некоја „ подобра „ од неа.Таа сметаше дека сите случувања се поради неа,таа мислеше дека му создала многу грижи и дека не била доволно добра за него.Како велат се што е убаво кратко трае така и нивното.Нивните патишта се веќе разгранети.

Таа од него не побара многу само едно ветување дека ќе најде некоја која го заслужува таков каков што е,да биде со некоја на која може таа вода да и носи,некоја што ќе го сака дупло повеќе од неа.

Секогаш пред неа да ја бакнува и гушка со тоа ќе и покаже дека навистина е подобра од неа,можеби ќе ја увиди грешката што ја направила несвесно освен грешката што го сакаше.Сега е време кога бира тој но ќе дојде време тркалото се врти ќе дојде време кога ќе го бираат.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ