Љубов и секс

Те барам во секој втор минувач…

Ја гасам првата цигара за денес. Ми се тресат рацете. Осеќам како димот продира во мојата душа. Чувствувам,празна е и се тешам себеси дека тоа е во ред. Неговиот поглед стана студен и далеку од мојот…

Ветрот ја носи пепелта од цигарата во некој правец како да сака да ми каже “Стани, ајде оди таму кај оној на кој му си потребна, што чекаш? “

Ах, проклета да е таа човечка гордост, проклет да е инаетот. Не се препознавам себеси гледајќи како глумам среќна без него. Знаеш ли дека усните ми жеднеат за тебе, за твоите усни. А не за оваа проклета цигара. Да можеш да ги допреш моите образи… Станале бледи и ладни бидејќи ги нема твоите дланки. Ти повеќе не си мој.
И додека талкам по големот град и се потсетувам на секое наше место, меѓу луѓето, во секој втор минувач те барам тебе. Секој ми личи на тебе. Сакам да те сретнам повторно во овој проклет град. Но знам, оваа кнедла во грлото и овој товар секој сам го носи врз својот грб. А јас сама и оставанеа врз купот од копнежи ќе те барам во секој втор минувач додека не те сретнам уште еднаш! 

 

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ