Забава

Ова се најопасните женски воени единици во светот (ВИДЕО)

Тие се подеднакво спремни и ги имаат поминато истите обуки како и мажите во специјалните воени единици.Бизнис Инсајдер направи листа на 6 елитни женски воени единици, подеднакво опасни како и мажите.

Курдски женски баталјони

Женските баталјони се дел од курдските Единици за народна заштита (YPG) и од 2012 година многу успешно учествуваат во борбите на курдскиот отпор против терористичките групи на Исламската држава. Женските единици на курдската одбрана имаат и психолошко влијание врз своите непријатели, бидејќи исламистичките милитанти наводно веруваат дека, ако умрат во борба против жена, нивните души ќе горат во пеколот.

Женската единица на руските специјални единици

Жените почнале да им се приклучуваат на руските сили “Spetsnaz” пред неколку години. Иако повеќето жени служат во мешани единици, постојат и самостојни женски единици обучени за воено разузнавање и извидување, како и да водат напади против странски војници во текот на напад на руската територија.

Руската женска воздушна единица

Женската воздушна единица е дел од воздушните сили на Русија. Жените поминуваат низ истата обука и ги извршуваат истите задачи како мажите. Од денес тие млади жени се прилагодуваат на острите мерки на воената дисциплина и се менува нивниот начин на живот. Исцрпувачки маршови и вежби за пукање се нивна секојдневна рутина. Не си играат војна, туку се подготвуваат за неа со целата потребна цврстина.

Најсподелувани во последните 14 дена

Редакцијата на Barkod.mk не сноси никаква одговорност за коментарите и споделувањата на социјалните мрежи, бидејќи се генерираат преку Facebook, Twitter и други, и за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа. Сите објавени содржини се авторска сопственост на Barkod.mk

Copyright © 2014 - 2020. Barkod.mk - Кодот на вистината. Сите права задржани

ВРВОТ